Поврзете се со нас

Англија

Гигс е среќен што Бејл се врати во Тотенхем: Тоа е добар потег за сите

Објавено

на

Герет Бејл го искориси овој преоден рок и конечно си замине во Реал Мадрид, клуб во кој последниве години едноставно беше вишок, немаше место, но неговата желба да остане, се бори за место беше пресудна и затоа и беше дел од составот на „кралевите“.

Сега конечно се наместија коцките и Бејл го напушти „Сантијаго Бернабеу“ и се врати во Тотенхем, клубот во кој претходно се промовираше на големата сцена. Офанзивецот допрва треба да дебитира за тимот од Лондон, поточно останува да видиме како ќе се снајде под водство на Жозе Мурињо.

Селекторот на Велс, Рајан Гигс е оптимист и смета дека од овој потег сите страни ќе излезат како победници.

-Тој ќе игра поредовно отколку што играше во Мадрид. Мислам дека е добар потег за Герет, добар за Спарс и добар за Премиер лигата, да има таков играч како него што ќе можеме да го гледаме секоја недела. Тој е во клуб кој добро го познава со многу добар менаџер и мислам дека тој самиот рече дека е како да се враќам дома, -истакна Гигс кој самиот се надева дека ќе добие од оваа ситуација, па Бејл ќе се врати во топ форма и за националниот тим.

-Ќе биде многу подобро ако тој игра редовно. Тој ќе биде поостар, ќе може да ги игра тие две натпревари за краток временски период.

-Тој беше во можност да управува со тоа и да продуцира настапи затоа што се грижи себеси заради неговиот квалитет и искуството што го има, но ќе биде многу подобро кога ќе игра редовно, -порача Гигс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни