Поврзете се со нас

Европски првенства

Гичевска: Ова е големо искуство за нас, ќе биде подобро со Холандија

Објавено

на

Македонската сениорска репрезентација не успеа да направи изненадување и загуби од Франција во првиот натпревар на Европското првенство.

Нашите девојки имаа лош почеток, не можеа да го пронајдат патот до мрежата на Французинките во првите 15 минути што на крајот се покажа како пресудно затоа што потоа се беше полесно за фаворитот кој се избори за конечна победа од 24-14.

-На почетокот бевме во грч, ова е прво големо натпреварување за нас и тоа се почувствува во играта. По тие 10-15 минути беше подобро, ама е искуство за нас, ќе биде подобро, -истакна Леонида Гичевска која посочи што е потребно да се корегира за наредната средба со Холандија.

-Ако корегираме некои работи во нападот, да биде потечна играта, да се движи топката можеме до подобар резултат. Франција има најквалитетна одбрана во Европа и добро не имаа анализирано. Ако подобриме некое работи во реализацијата и нападот ќе биде подобро, -порача Гичевска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни