Поврзете се со нас

Германија

Германскиот „вундеркинд“ се реши да ги одбие големите тимови и продолжи со Баер Леверкузен

Објавено

на

Еден од најголемите европски таленти во моментов, Флоријан Вирц го реши прашањето за својата иднина.

Играчот на Баер Леверкузен, и покрај големиот интерес за неговите услуги, се реши да остане во клубот во кој игра во моментов, продолжувајќи го својот актуелен договор.

Вирц се обврза на нова соработка со „фармацевтите“ која ќе трае до јуни, 2027 година, а целиот договор бил комплетиран во текот на денешниот ден.

Одличниот фудбалер беше следен од неколку големи европски клубови кои беа подготвени да му понудат договор, но тој на крајот се реши да остане на „Бај Арена“.

Причина за тоа е веројатно фактот што тој во моментов заздравува од нешто посериозна повреда, па ќе бара враќање во врвот на европскиот фудбал токму преку настапите во Баер Леверкузен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни