Поврзете се со нас

Боречки спортови

Георгиевски: Првата борба ми беше најтешка, многу ми е драго што донесов медал за Македонија

Објавено

на

Таеквондистот Дејан Георгиевски денеска ја израдува целата македонска јавноста со огромниот успех што го направи на Олимписките Игри во Токио.

Нашиот ас успеа да победи во три од четирите борби и со тоа да дојде до сребрен медал на игрите во Јапонија што е најголем успех за Македонија на оваа сцена. Допрва ќе треба да се средат емоциите, впечатоците, но Деки е пресреќен што го исполни даденото верување пред турнирот дека ќе освои медал во Токио.

-Не беше лесно да се освои медал. Имав четири борби, секоја си имаше своја тежина. Првата ми беше најтешка да го скршам мразот со актуелниот светски шампион. Тука го скршив мразот и од следната борба ми беше полесно. Сакам да и се заблагодарам на целата македонска јавноста за целата поддршка. Многу ми е драго што ги исполнив ветувањата и донесов медал за Македонија, -истакна 22-годишниот Георгиевски за телевизијата 24.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни