Италија
Гатузо нема иднина во Наполи, Де Лаурентис подготвува враќање на тренерот кој навивачите жестоко го напаѓаа
Екипата на Наполи доживеа неочекувана елиминација од Лига Европа од тимот на Гранада што е уште еден неуспешен резултат за Џенаро Гатузо кој мака мачи со тимот од Неапол оваа сезона.
Стратегот се уште има кредити откако со Наполи лани го освои Купот на Италија и токму затоа нема да добие отказ сред сезона, но речиси е извесно дека тој ќе го напушти клубот по крајот на сезоната.
Како што пишува „Тутоспорт“, Аурелио де Лаурентис потоа ќе влезе во преговори со искусниот Маурисио Сари кој би требало да го води тимот во сезоната 2021/22, а потоа во зависност од успехот би добил и подолг договор.
Сари беше три години во Наполи и дојде многу блиску до освојување на титулата кога во сезоната 2017/18 собра вкупно 91 поен, но тоа не беше доволно за да се добие тимот на Јувентус кој и тогаш го освои Скудетото.
Потоа следуваше една година како тренер во Челси и една година како предводник на Јувентус, нешто што навивачите на Наполи не му го простија и постојано го критикуваа нивниот поранешен стратег.
Се верува дека Сари и Де Лаурентис имале големи несогласувања меѓу себе во минатото, но и покрај тоа контроверзниот прв човек на Наполи повторно ќе го контактира искусниот стратег кој би можел да се врати на клупата на Наполи.

- Италијапред 18 часа
Гоче е пример за фудбалер: Италијанците му го потенцираа историскиот рекорд, Пандев одговори скромно во свој стил
- Светпред 18 часа
Перез конечно се огласи: Супер лигата не е мртва, не ни добивме шанса да го објасниме проектот
- Англијапред 16 часа
Бејл го „пецна“ Мурињо: Ние сме голем клуб, сакаме да напаѓаме
- Шпанијапред 17 часа
Бензема го израмни рекордот на легендарниот Раул
- Англијапред 16 часа
Гвардиола е импресиониран од него: Тој станува сериозен играч
- Светпред 14 часа
Чеферин за својата страна од приказната: Дајте ми 24 часа и Супер лигата нема повеќе да постои!
- Францијапред 18 часа
Ова ретко се гледа не терените: Магичната асистенција на Ди Марија во Куп победата на ПСЖ (ВИДЕО)
- Италијапред 18 часа
Португалецот со очајна реакција: Роналдо повторно се посрамоти во живиот ѕид на Јувентус (Видео)