Поврзете се со нас

Лига Европа

Гатузо беснеел на полувремето во Ријека: Еден ден ќе ми пукне крвен сад!

Објавено

на

Џенаро Гатузо беше прилично лут и нервозен на прес-конференцијата која ја одработи по гостувањето во Хрватска, без оглед на тоа што неговиот Наполи победи со 1:2 против Ријека.

Италијанскиот калчолигаш влезе прекомотно во мечот и прими гол за негатива од 1:0, па во продолжение избраниците на Рино мораа да прават пресврт за да дојдат до вторите три бода во групната фаза во Лига Европа. Иако првичната цел за остварување победа во Хрватска беше остварена, Гатузо беше разочаран од претставата на неговите фудбалери во првото полувреме, во кое нашиот Елиф Елмас со многу среќа ја започна акцијата за израмнувачки гол.

– Знаев дека тие ќе не чекаат назад и дека ќе пробаат да ни наштетат преку контри, но и покрај тоа, ние бевме изненадени во првите 30-35 минути. Мислевме дека можеше само да се прошетаме на теренот, бев навистина бесен на полувремето, игравме преризично.

– После полувремето, успеавме да се подобриме, но тоа не е доволно добро, не можеме да прифатиме ваков однос на стартот на мечот. Ова е проблем кој не прати од минатата сезона, веќе години наназад, Наполи игра топло-ладно. Мора да го поправиме тоа, не добивме ниту една топка во првите 35 минути, бевме изненадени од нивните контри иако знаевме дека така ќе играат.

– Ни требаше шлаканица за да се разбудиме. Денеска имавме среќа и победивме, но другпат нема да имаме таква среќа. Сакам да видам перформанси во цел меч како во вторите 45 минути. Ќе ми пукне крвен сад од нервоза еден ден, ова не е доволно добро, мора подобро да влегуваме во натпреварите. Сепак, вината повторно ја гледам кај мене. Очигледно не можам да ги убедам играчите да бидат концентрирани цели 90 минути, – порача лутиот Гатузо по триумфот од 1:2.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни