Поврзете се со нас

Италија

Гасперини објасни зошто направи само една доцна замена на гостувањето на „Енфилд“

Објавено

на

Фото: twitter.com/Atalanta_BC

Аталанта оствари импресивна победа на гостувањето кај Ливерпул, па очекувано тренерот Џан Пјеро Гасперини уште еднаш собра многу комплименти од фудбалската јавност, потврдувајќи дека составот од Бергамо останува незгоден противник за секој ривал со кој се соочува.

По средбата на „Енфилд“, Гасперини се обидел да објасни што се случило во Ливерпул и како гледа на важната победа во Лига Европа.

– Ова беше важна и неверојатна победа за клупската историја на Аталанта, резултатот кој го постигнавме на „Енфилд“ е нешто што ќе остане запаметено.

– Не можеме секогаш да се бориме за трофеи, но важни се и вакви историски резултати. Среќни сме за победата со резултат 3:0, но треба да бидеме подготвени за реваншот, Ливерпул е силен тим кој лесно постигнува голови, – рекол Гасперини и објаснил зошто направил само една замена и тоа во 89. минута од мечот.

– Не сакав да го измешам тимот, сметав дека можам да го уништам моментумот. Во завршницата, веројатно носени од резултатот и ентузијазмот, фудбалерите не се чувствуваа заморени, па затоа немаше потреба од промени, – истакнал тренерот на Аталанта.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни