Поврзете се со нас

Олимписки игри

Гасол: Привилегија е да се биде на ОИ, Дончиќ? Тоа дете е…

Објавено

на

Селекцијата на Шпанија со победа го отвори настапот на Олимписките Игри во Токио и тоа против домашната репрезентација која ја реши со 88-77.

Шпанците имаа апсолутна контрола на случувањата на теренот и само една екстра четвртина и тоа втората (30-14) беше доволно за да дојдат до посакуваниот резултат против Јапонците.

Селекторот Серџо Скариоло им даде шанса на сите играчи меѓу кои беше и ветеранот Пау Гасол за кого ова е дури петти настап на оваа најголема, олимписка сцена.

-Првиот меч генерално се користи како начин да го пронајдете вашиот ритам и да се вклопите во тимот. Денеска имавме многу различни ротации кои веројатно ќе ги имаме помалку како што ќе одминува турнирот. Среќни сме со резултатот. Верувам дека имавме неколку убави моменти. Завршивме со победа важен меч. Несомнено имаме простор за подобрување, -рече Гасол и додаде:

-Чест е да игра за овој тим, за нашата земја, особено за Олимписките игри. Да се биде тука е привилегија и голема награда за сработеното. Уживам во секоја секунда, -истакна центарот.

Членот на Барселона имаше краток коментар и за партијата на Лука Дончиќ против Аргентина, поточно 48 кошеви во триумфот од 118-100.

-Го гледавме. Ова дете е извонреден талент. Следна е Аргентина. Ние се грижиме само за следниот натпревар, -порача Пау.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни