Поврзете се со нас

Олимписки игри

Гасол: Имаме единствена можност да ги победиме Американците

Објавено

на

Шпанија не успеа да ја победи Словенија во последниот меч од групната фаза на Олимписките Игри во Токио и со тоа автоматски го избра потешкиот пат во нокаут фазата, поточно борбата која води до медали.

„Црвената фурија“ го доби најтешкиот можен ривал во четвртфиналето, селекцијата на САД која и покрај тоа што има свои проблеми понатаму важи за прв фаворит за златниот медал. Шпанците немаат добар учинок во меѓусебните дуели со Американците, но ветеранот Пау Гасол за кого ова може да биде последнен натпревар во кариерата верува дека имаат квалитет за да ги шокираат избраниците на Грег Попович.

-Мораме да се натпреваруваме за секој посед и да веруваме во себе, да играме паметно, да ги ограничиме грешките. Тоа е единствена можност да ги победиме, да направиме нешто многу посебно што никогаш не сме го направиле на Олимписките игри, -истакна Гасол.

Преводникот на Шпанците, Серџо Скариоло е свесен дека пред нив е многу тешка битка.

-Почитта што ја заработивме низ годините нема нужно да работи во наша корист. Тие со нетрпение чекаат да се соочат со нас и ќе бидат исклучително фокусирани, -порача Скариоло.

Средбата САД-Шпанија се игра утре изутрина од 6:40 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни