Поврзете се со нас

Франција

Галтие: Мбапе не е поголем од ПСЖ

Објавено

на

Килијан Мбапе со своите партии во изминативе години дојде до статусот на еден од најдобрите светски играчи, а секогаш кога е тоа така на вратата знае да тропне великанот Реал Мадрид.

„Кралевите“ имаа неколку обиди да го донесе Мбапе, имаа и супер богата понуда за него која ПСЖ ја одби, потоа се изгледаше дека ќе го добијат како слободен фудбалер за да во последен момент напаѓачот се реши да стави потпис на нов договор со „светците“.

По тој негов договор напаѓачот како да добие дополнителна сила и често знае да се каже дека се однесува како да е над клубот. Имаше неколку „инциденти“ со него, доста реакции, но според тренерот Кристоф Галтие офанзивецот никогаш не бил над францускиот првак.

-Не e точно е дека е над клубот. Килијан донесе тешка одлука. Му се допаѓа ПСЖ, ама внимаваше и на друг голем клуб, Реал Мадрид. Сепак, тој донесе одлука да остане. Тоа е добра работа за Лига 1, за неговите соиграчи, за ПСЖ и за мене. Дали е тој над клубот? Не, тоа е не е точно. Тој е на исто ниво како и останатите играчи, -порача Галтие.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни