Поврзете се со нас

Шпанија

Фудбалски слалом на Каналес: Серхио ја достави првата кандидатура за гол на сезоната во Примера (Видео)

Објавено

на

Четвртото коло во шпанската Примера беше заокружено со пресметката меѓу Гранада и Бетис која се одигра вчеравечер, а истата им припадна на гостите од Андалузија благодарение на моментот на инспирација на Серхио Каналес.

Играчот кој своевремено важеше за најголем шпански талент и кој заврши во Реал Мадрид имаше тежок фудбалски пат поради неколку сериозни повреди на коленото, но веќе трета сезона игра на врвно ниво во Бетис, што вчера и го демонстрираше на теренот.

Каналес постигна спектакуларен погодок во завршницата од мечот со Гранада за победа на Бетис од 1:2, а шпанските медиуми се уверени дека уште од сега, оваа мајсторија на „10-та“ ќе биде еден од фаворитите за гол на сезоната.

Серхио ја прифати топката на средината на теренот и мина три противнички играчи, пред да ја смести топката неодбранливо во долниот агол од голот на Гранада.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни