Репрезентација
Фудбалерките ги дознаа ривалите за квалификациите за СП
Македонскате женска сениорска фудбалска репрезентација ги дозна противниците во квалификациите за Светското првенство во 2023 година.
Нашиот национален тим се најде во групата Д заедно во друштво на фаворитот Англија, потоа Австрија, Северна Ирска, Летонија и Луксембург. Ова дефинитивно ќе биде уште еден тежок предизвик за нашите девојки кои ќе го играат овој квалификациски циклус од септември 2021 година до септември 2022 година.
Пласман на мундијалот обезбедуваат победниците од деветте квалификациски групи, второпласираните пак ќе играат плејоф во октомври 2022 година.
Група А: Шведска, Финска, Република Ирска, Словачка, Грузија
Група Б: Шпанија, Шкотска, Украина, Унгарија, Фарски Острови
Група Ц: Холандија, Исланд, Чешка, Белорусија, Кипар
Група Д: Англија, Австрија, Северна Ирска, МАКЕДОНИЈА, Летонија, Луксембург
Група Е: Данска, Русија, Босна и Херцеговина, Азербејџан, Малта, Црна Гора
Група Ф: Норвешка, Белгија, Полска, Албанија, Косово, Ерменија
Група Г: Италија, Швајцарија, Романија, Хрватска, Молдавија, Литванија
Група Х: Германија, Португалија, Србија, Израел, Турција, Бугарија
Група И: Франција, Велс, Словенија, Грција, Казахстан, Естонија
-
Англијапред 23 часа
Де Брујне го постигна првиот гол со глава, Сити убедлив на „Амекс“ (ВИДЕО)
-
НБАпред 14 часа
Денвер повторно ги преслуша Лејкерс, Ембид броеше до 50 во триумфот на Филаделфија
-
Евролигапред 22 часа
Реал на чекор до фајналфорот, Панатинаикос израмни против Макаби (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 10 часа
„Мундо Депортиво“ објави ново видео и заклучи: Барселона е оштетена за чист гол (Видео)
-
Лига на шампионипред 23 часа
Барселона со пеколно второ полувреме го разби ПСЖ, Веспрем во последната секунда го матираше Алборг (ВИДЕО)
-
Формула 1пред 11 часа
Голем удар за Ред Бул: Адријан Њуи најавил дека планира нов предизвик
-
Англијапред 15 часа
Гвардиола не се согласува со Клоп и Ван Дајк и одговори со различен став
-
Италијапред 24 часа
Рома и Лацио во трка за дефанзивец на Ливерпул