Поврзете се со нас

Франција

Фудбалер на ПСЖ демантираше дека си оди: Ќе останам во клубот и ова лето

Објавено

на

Францускиот ПСЖ е меѓу тимовите кои се најзастапени во медиумите кога во прашање се шпекулациите за трансфери во и надвор од клубовите ова лето.

Медиумите во Франција веќе на големо пишуваат за „чистка“ во клубот која ќе зафати десетина играчи меѓу кои ќе биде и Леандро Паредеш кој не се снајде баш најдобро во тимот по неговиот трансфер од руски Зенит.

Сепак и покрај ваквите најави, самиот Паредес истакна дека не планира да си заминува од ПСЖ ова лето и да се враќа во Аргентина каде би потпишал договор со Бока Јуниорс.

– Ќе останам во ПСЖ ова лето, тоа е сигурно. Се уште не е време да го напуштам клубот за да се приклучам на Бока Јуниорс, -изјави играчот од средината на теренот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни