Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Французите го најдоа виновникот за тешкиот пораз на ПСЖ: Тој е најодговорен за ова фијаско

Објавено

на

Пари Сен Жермен беше надигран и убедливо совлада од Њукасл на вчерашното гостивање на „Сент Џејмс Парк“ во рамките на второто коло во Лигата на шампионите.

Домашниот тим успеа да слави со 4-1 што дефинитивно пак е големо разочарување за „светците“ кои веќе со години имаат најголеми амбиции во ова натпреварување. Ваквиот резултат донесе и жестока реакција од француските медиуми кои беа многу директни и ги посочија главните виновници за лошата партија и тешкиот пораз.

-Најголемото изненадување е што не промени ништо во плановите, без оглед на големите тешкотии на тимот на средината на теренот, -пишува „Екип“ кој го впери прстот кон тренерот Луис Енрике и неговата формација 4-2-4 (доби оценка три на скала од еден до десет)

-Луис Енрике е најзаслужен за фијаското. ПСЖ не направи ништо, постигна малку и се мачеше цел натпревар, -порачаа од Ле Паризиен“.

Критики имаше и за Килијан Мбапе кој доби двојка од „Л’Екип“.

-Неговото прво полувреме беше разочарувачко. Можеби затоа што не ја добиваше топката, па мораше да се враќа назад по неа. Сосема непотребно“, велат од „Екип“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни