Поврзете се со нас

Италија

Фонсека за неговиот наследник во Рома: Сигурен сум дека Мурињо…

Објавено

на

Италијанскиот прволигаш Рома ќе има нов тренер по крајот на актуелнава сезона или поточно местото на Пауло Фонсека ќе го заземе Жозе Мурињо.

Ова за Мурињо ќе биде кам-бек во италијанскиот фудбал каде со голем успех го водеше Интер, меѓутоа по заминување од Милано кариерата му е во одреден пад особено во последниве години каде доби откази во различни клубови од Премиер лигата.

Поради ова за Жозе ќе биде можност да покажа дека се уште е меѓу најдобрите, а поддршка за тоа доби токму од Фонсека кого го очекуваат уште неколку мечеви на клупата на „волчицата“.

-За мене, професионализмот е нешто за што верувам дека е многу важно. Добро сум, фокусиран сум на работите тука исто како што бев првиот ден кога дојдов тука. Јас сум мотивиран. Сакам да го сторам најдоброто што можам за Рома сè додека сум уште тука. Мурињо е одличен тренер, сите тоа го знаат, сигурен сум дека ќе заврши одлична работа, -порача Пауло пред реваншот со Јунајтед во полуфиналето на ЛЕ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни