Поврзете се со нас

Свет

Фил Невил и Бекам ја имаа првата прозивка, Игуаин го украде шоуто со изненадувачкиот имиџ (Фото)

Објавено

на

Гонзало Игуаин изненади многумина откако реши да ја заврши својата авантура во Европа и да премине во МЛС лигата, или поточно да направи трансфер во редовите на Интер Мајами.

Дејвид Бекам како газда на американскиот клуб го привлече искусниот аргентински напаѓач кој во првата сезона одигра 9 натпревари, а на денешната прва прозивка која ја имаше новиот тренер, во прв план се најде токму „Пипита“.

Фил Невил неодамна беше назначен за нов тренер на Интер Мајами и денеска го одржа првиот тренинг од предвидената пресезона, а покрај присутвото на газда Бекам, во фокусот на новинарите се најде и новиот изгледа на Игуаин.

Аргентинецот во дадената ситуација нема проблеми со килажата што знаеше да биде негов минус во последно време, но изненади со значително проретчената коса и долгата брада со која најави свој нов имиџ во новата сезона.


Реклама
Реклама
Реклама

Популарни