Поврзете се со нас

Репрезентација

ФФМ ги одреди цените на билетите за завршниот меч против Исланд

Објавено

на

Најдобрата македонска А репрезентација во месец ноември ќе ги заврши квалификациите за Светското првенство во 2022 година и тоа со дуелите против Ерменија и Исланд.

Едниот го играме на 11 ноември во Ереван, додека вториот е на 14 ноември во Скопје, па токму за овој вториот Фудбалската федерација на Македонија ги одреди цените на билетите. Сите оние кои се заинтересирани ќе можат да набават влезници по цена од  150 и 300 денари за јужната и северната трибина и тоа преку продажната мрежа на MKTickets.

Воедно Управниот одбор на ФФМ одлучи дека билетите за мечот меѓу Македонија и Франција за играчи до 21 година ќе бидат по цена од  100,150 и 200 денари. Таа средба е закажана за 16 номеври на Национална арена „Тодор Проески“ со почеток од 18:30 часот.

Кога е во прашање пак женската репрезентација и битката со Луксембург на „Билијанини Извори“ во Охрид за истата влезниците ќе бидат по цена од 100 денари. Тој меч од квалификациите за СП во 2023 се игра на 26. октомври од 13:30 часот.

Капацитетот на Националната арена „Тодор Проески“ и стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид е ограничен согласно мерките на Владата на Република С. Македонија утврдени за заштита од коронавирусот за присуство на гледачи на трибините.

Воедно У.О. на ФФМ на денешната десница донесе уште неколку одлуки, а тие се следни:

– У.О. на ФФМ донесе одлука за измени на правилникот за регистрација, статус и трансфер на фудбалери на ФФМ поврзани со права на фудбалери во женска конкуренција;

– У.О. на ФФМ донесе одлука за реконструкција (поставување нова тревна подлога со вештачка трева) на теренот со вештачка трева на стадионот во Ѓорче Петров;

– У.О. на ФФМ го усвои календарот за натпреварување во Втора футсал лига и делегатската листа за футсал натпреварувањето;

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни