Поврзете се со нас

Англија

Фергусон не штедеше комплименти за примарната трансфер цел на Јунајтед: Тој би му помогнал на секој тим

Објавено

на

Џејдон Санчо не доби шанса на првиот натпревар против Хрватска и тоа предзивика бура од реакции во англиската спортска јавност, уште повеќе ако се знае дека фантастичниот крилен фудбалер конечно се очекува да го комплетира трансферот кој се најавува веќе две години.

Санчо е примарна трансфер мета на Манчестер Јунајтед и Борусија ја одби првата понуда која ја испратија „ѓаволите“ пред стартот на Европското првенство, а бидејќи се очекува оваа операција да се кристализира по крајот на турнирот, легендарниот Сер Алекс Фергусон се насочи на сегашноста.

Неповторливиот Ферги не штедеше комплименти за големата трансфер цел на Јунајтед, бидејќи како огромен фан на шкотланѓанската фудаблска репрезентација, стравува дека ќе дојде до израз токму на дерби пресметката која се игра за два дена. Во петок навечер, Англија и Шкотска ќе го одиграат соседското дерби, пред кое, Фергусон ги истакна најголемите квалитети на човекот кој не доби шанса против Хрватите.

– Нема да зборувам за неговата иднина, не е време за тоа, но имам само добро мислење за Џејдон Санчо. Неговите дуели еден на еден се извонредни, може да биде клучен како асистент и како стрелец на голови. Тој е исклучително опасен фудбалер.

– Има огромен потенцијал и би му помогнал на секој тим. Не играше на првиот меч, но ќе биде многу важен играч за Англија на овој турнир, сигурен сум во тоа, – изјави Фергусон за „Билд“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни