Поврзете се со нас

Англија

Ферги си има свој фаворит за Златната топка: Дефинитивно ја заслужи

Објавено

на

И големиот Сер Алекс Фергусон го искажа своето мислење за тоа кој треба да ја освои престижната награда, Златната топка.

Наградата која ја доделува „Франс Фудбал“ оваа година ќе добие сопственик откако лани истата не се додели поради ковид пандемијата и скратениот број на фудбалски натпревари.

„Франс Фудбал“ веќе ја објави листата од 30 кандидати номинирани за признанието кое според Фергусон повторно треба да замине во рацете на Кристијано Роналдо.

– Кристијано заслужи оваа година да ја освои Златната топка. Тој оваа година игра фантастично и ги руши сите можни рекорди. Веќе со години е на неверојатно ниво и не застанува. Се надевам дека ќе биде награден за тоа, -изјави Фергусон.

Токму „стариот лисец“ е посочен како главниот „виновник“ што Роналдо ова лето по цели 13 години се врати во редовите на Манчестер Јунајтед каде продолжи со одличните настапи и редовното постигнување голови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни