Поврзете се со нас

Лига Европа

Фекир се исклучи во судиското продолжение на „Бај арена“ и предизвика хаос на теренот (Видео)

Објавено

на

Бетис вчера доби фудбалска лекција во Лига Европа и загуби на гостувањето кај Баер Леверкузен со 4:0, но оваа пресметка на крајот остави и лош впечатокот поради насилната сцена која ја видовме на теренот во ситуација кога беше решено прашањето на победникот.

Германскиот тим издоминира на терено и го надигра составот предводен од Пелегрини, а најголемата ѕвезда на гостите се исклучи во судиското продолежние и предизвика хаос на теренот заедно со еден домашен играч.

Демирбај реши да го шутне Фекир со топката во моменти кога противникот се обидуваше да ја задржи, по што Французинот се исклучи и режираше мешаница на теренот.

Фекир го фати противникот за врат и следуваше вистински судир меѓу играчите на двата тима, кој судијата Ентони Тејлор го реши со два црвени картони.

Ѕвездата на Бетис фати за врат и еден од стручниот штаб на Леверкузен и оправдано доби црвен картон, а истата судбина ја имаше и провокаторот Демирбај.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни