Поврзете се со нас

АТП

Федерер: Загубив речиси се во период од три дена……

Објавено

на

Пензионирањето на Рожер Федерер од професионалното играње тенис донесе многу емоции и солзи во О2 арената, бидејќи легендарниот Швајрарец се прости пред очите на своите најголеми ривали, но и илјадници фанови кои имаа среќа да дојдат до билет изминатиот викенд.

Тениското семејство е сложно дека ниту еден играч во историјата не добил испраќање како неповторливиот тениски виртуоз од Базел, но откако емоциите и импресиите полека слегнуваат, Федерер во свој стил си фати и сеир поради сето она што го загуби на Лејвер Купот.

Резултатите секако беа во втор план, но Рожер не заборави да нагласи дека загубил многу работи во период од три дена, вклучувајќи го и својот завршен дубл меч во друштво на Рафаел Надал.

– Исполнет сум после сето она што го доживеав. Но, ако гледате од друга страна, загубив речиси се во период од три дена…..

– Го загубив мојот последен меч во кариерата, го загубив мојот глас викајќи по колегите од мојот тим и го загубив последниот Лејвер Куп како дел од тимот. Ја загубив мојата работа, загубив речиси се, но сепак сум среќен и исполнет. Мора да признаам дека малку е иронично. Сите замислуваат друга крај за една бајка, но кај мене излезе поинаку, – вели Федерер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни