Поврзете се со нас

АТП

Федерер се врати на Вимблдон и заигра тенис со принцезата Кејт, па двајцата научија и важни лекции во Лондон (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Wimbledon

Рожер Федерер останува голем тениски амбасадор и по крајот на играчката кариера, а откако пред неколку дена беше во Хале и беше свечено пречекан од Германците, Швајцарецот сега е во Ол Ингланд клубот.

Федерер се врати на Вимблдон и имал специјална мисија во најавата за престижниот грен слем турнир во Лондон, кој својот официјален старт ќе го има наредниот понеделник, на 3-ти јули.

Организаторите на Вимблдон се погрижиле за специјална средба меѓу Федерер и принцезата Кејт Мидлтоун, која како голем фан на тенисот е дел од завршницата на турнирот секоја година.

Кејт доби шанса да игра тенис со еден од најголемите играчи на сите времиња, но двајцата добија шанса да ги запознаат најновите тренинг методи за усовршување на актерите кои се многу важни на секој турнир.

Федерер и Кејт добија инструкција од момчињата и девојчињата кои ги собираат топчињата, па беа и дел од тренингот во оригиналното видео кое го презентираше Вимблдон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни