Поврзете се со нас

Англија

Фаулер прогнозира сценарио: Салах ќе заврши како Мане поради една причина

Објавено

на

Ливерпул го продаде Садио Мане на Баерн Минхен за сума која може да достигне 40 милиони евра, а до крајот на летниот преоден рок, не се исклучува можноста Јирген Клоп да остане и без втората голема ѕвезда во нападот.

Мохамед Салах пред финалето со Реал Мадрид најави дека ќе остане најмалку уште една сезона во Ливерпул, но ако се случи тоа и не потпише нов договор, Египќанецот ќе си оди како слободен агент и клубот нема да инкасира ниту едно евро од неговото заминување.

За да не се случи тоа, Ливерпул ќе мора да добие брз одговор од Салах за последната понуда за нов договор, па ако не ја прифати, ништо чудно да гледаме ново сценарио „Мане“ на „Енфилд Роуд“, во кое интересно верува и легендарниот голгетер на „црвените“ Роби Фаулер.

– Ливерпул нема да оди преку лимитот и нема да ја наруши структурата за плати во првиот тим за да го задржи Салах. Истото го направи со Мане и истото може да се случи со Салах. Клубот направи многу јасни и прецизни чекори без емоции во случајот со Мане.

– Садио сакаше долг договор и богат како еден од најдобрите во светот и не го обвинувам за тоа. Мане е горе на скалилото, еден од најдобрите во светот, но Ливерпул направи анализа и одлучи да го купи Дарвин Нуњез и да ја заштити структурата за плати во тимот.

– Прво што ми паѓа на памет кога е Салах во прашање е дека ќе се случи истото, дека нема да остане поради една причина. Ливерпул нема да ја прекрши структурата за Салах и може да заврши како Мане. Да беа подготвени да го направат тоа, веќе ќе се случеше и ќе имаше потпис на нов договор, – пишува Роби Фаулер во својата колумна за „Мирор“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни