Поврзете се со нас

Англија

Фановите на Вест Хем му фрлаа лажни банкноти на Лингард (Фото)

Објавено

на

Џеси Лингард стави крај на својата долгогодишна етапа во Манчестер Јунајтед, но трансферот кој го направи донесе големо незадоволство во Лондон.

Крилниот напаѓач имаше фантастична етапа во Вест Хем пред една година и клубот од Лондон испрати понуда за перманентен трансфер, но Лингард на крајот направи трансфер во Нотингем Форест.

Подобрите финансиски услови од новајлијата во Премиер лигата пресудија во изборот на Лингард, кој денеска мораше да гледа непријатна сцена на соочувањето со Вест Хем.

Нотингем на донашен терен славеше со минимални 1:0, но гостинските навивачи пронајдоа начин како да ја провоцираат најголемата ѕвезда која го извиси нивниот омилен клуб.

Фановите на Вест Хем му фрлаа лажни банкноти на поранешниот англиски репрезентативец, со што го искажаа својот револт за трансферот кој го направи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни