Поврзете се со нас

Англија

Фабрегас со емотивна порака до човекот кој денеска доби отказ од Арсенал: Без тебе ништо немаше да биде исто (Фото)

Објавено

на

Арсенал се одлучи за крајно непопуларна одлука која предизвика големи реакции во англиската спортска јавност, откако подготви отказно решение за 55 вработени во клубот за кои се смета дека се технолошки вишок поради пандемијата.

Коронавирусот предизвика сериозни финансиски штети кај многу големи клубови ширум Европа, но сега Арсенал во обид да го зачува најдоброто меѓу играчите и стручниот штаб, се одлучи за доста неблагодарна одлука која наиде на доста негативни коментари во јавноста.

Еден од 55-те отпуштени е легендарниот скаут Фансис Кагиџао, кој повеќе од две децении му служеше на клубот и донесе големи фудбалски таленти во Северен Лондон.

Сеск Фабрегас е само еден во голема листа на играчи кои пристигнаа во Арсенал поради Кагиџао, па токму Шпанецот е оној кој ги предводи пораките за благодарност.

– Франсис Кагиџао, ти благодарам за твојата посветеност, почит, лојалност и љубовта која му ја даде на Арсенал во овие 24+ години. Ништо немаше да биде исто за мене ако не ме забележеше на 15 години. Ти посакувам се најдобро во иднината. Твојот следен тим ќе биде среќен што ќе го има твојот фудбалски мозок, – порача Фабрегас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни