Поврзете се со нас

Свет

Евра знае каде треба да заврши „Златната топка“: Преку глава ми е од Меси, тој не направи ништо!

Објавено

на

Патрис Евра будно ги следи случувањата во светскиот фудбал, а по номинацијата на „Франс Фудбал“ за 30-те кандидати кои ќе се борат за „Златната топка“, поранешниот репрезентативец на Франција реши да излезе со свој став на оваа тема и тоа го направи доста бурно.

Пензионираниот лев бек признава дека веќе му е мака од Лионел Меси и неговото подигнување на најпрестижното индивидуално признание (има шест такви награди), но според него, „Златната топка“ не треба да заврши ниту во рацете на Кристијано Роналдо.

Според гледиштетот на Евра, ценетото признание треба да му припадне на еден од двајца играчи кои настапуваат за Челси, Италијанецот Жоржињо, или неговиот сонародник Нголо Канте.

– Според мое видување, оваа година „Златната топка“ мора да заврши во рацете на Канте или во рацете на Жоржињо. Жоржињо навистина посебно ја заслужуваа оваа година. Не ги сфаќам луѓето кои велат дека тој е само обичен играч за врска. Тој освои се, играше се и беше дел од сите најважни триумфи.

– Ако не ја добие некој од овие двајца, тоа ќе биде голема неправда. Преку глава ми е од Меси и доделувањето на „Златната топка“ во негови раце. Што направи тој оваа година? Добро, ја освои Копа Америка, но со Барселона не направи ништо, – вели Евра за „Амазон прајм“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни