Поврзете се со нас

Македонија

Еурофарм Пелистер ќе бие битка со Охрид за пласман на завршниот турнир во Купот

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hcohrid

Тимот на Еурофарм Пелистер без проблеми ја оправда фаворитската улога и славеше над Куманово со 40-21 во Купот на Македонија.

Битолчани одиграа рутински колку што им беше потребно, па така првото полувреме го реши со 17:12, а по одморот само ја заокружи својата победничка партија.

Ова „зелено-белите“ ги однесе на соочување со Охрид кој претходно го надигра Скопје 2020 со 40:24.

Победникот од дуелот меѓу Охрид и Пелистер кој е закажан за вечерва од 19:30 часот во салата „Билјанини извори“ ќе обезбеди виза за завршниот турнир во Купот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни