Поврзете се со нас

Франција

Ерера за критиките кон Меси: Кога тој нема да даде 50 голови…

Објавено

на

Лионел Меси беше принуден минатото лето да ја напушти Барселона и се пресели во Пари Сен Жермен каде имаше сезона во која се очекуваше многу повеќе од него, а секако и од целата екипа која одново заглави во Лигата на шампионите и не го оствари посакуваниот сон.

Аргентинецот секогаш имал супер кампањи во дресот на каталонците, па секако 11 голови на 37 натпревари се под неговиот стандард и за што имаше доста критики на негова адреса. Некои можат да се разберат, некои се претарани и тоа најдобро го знае искусниот Андер Ерера кој даде искрена оценка за тоа што Лео го направи во натпреварувачката 2021/2022.

-Барате 50 голови по сезона. Па ако тој не ги даде, луѓето зборуваат. Не треба да заборавиме на рекордот на Лео во Лига 1-тој 10 пати ја погодуваше рамката од голот на противниците. Да постигнеше уште 10 гола, тоа ќе беше многу добра сезона за Лео.

-Ама за мене тој е најдобар на сите времиња, без никаква дискусија. Сега уште повеќе му се восхитувам за тоа како управува со својот секојдневен живот со целосна понизност, секогаш со насмевка за луѓето, -вели Шпанецот кој смета дека Килијан Мбапе може многу да добие од соработката со Меси.

-Килијан може да извлече многу од Лео. Ќе ја испрати топката на вистинското место и со својата брзина ќе дојде до голманот каде што е смртоносен. Можеби на Меси веќе не му требаат 50 погодоци во моментов. Тоа е како Кристијано, тие никогаш не го намалуваат своето ниво, -порача големиот борец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни