Поврзете се со нас

НБА

Ентони избра: Најдобрата петорка во историјата на НБА лигата и најдобрата странска петорка во овој момент

Објавено

на

Foto:instagram.com/carmeloanthony

Кармело Ентони се повлече од професионалното играње кошарка пред една година и сега ужива во слободното време, што му овозможи да биде дел од ждрепката за Олимпискиот кошаркарски турнир во Париз.

Популарниот Мело одговори на повикот од ФИБА и беше дел од церемонијата, по која дал и неколку интересни изјави за играчите кои ги одбележаа изминатите две децении, но и за оние кои во моментов доминираат во НБА.

Ентони добил за задача да ја избере најдобрата петорка во историјата на НБА, но и најдобрата петорка составена од актуелни играчи кои не се од Америка.

Говорејќи за најдобриот тим во историјата, Мело реши да бира од играчи од неговата генерација, па покрај себе, во идеалната петорка ги смести и Коби Брајант, Леброн Џејмс, Крис Пол и Кевин Дурент.

Кога е во прашање најдобриот тим од странски играчи кои настапуваат во НБА, Ентони не направи изненадувања и избра дури тројца играчи од Балканот. Тоа се Лука Дончиќ, Јанис Адетокумбо и Никола Јокиќ, а на нив друштво им прават Кристапс Порѕингис и Гилџес Александер од Канада.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни