Поврзете се со нас

Шпанија

Енрике со емотивна порака ја заврши приказната со Шпанија, но и побара поддршка за неговиот наследник (ФОТО)

Објавено

на

Луис Енрике не е повеќе селектор на Шпанија, одлука која падна по поразот на „црвената фурија“ во осминафиналето на Светското првенство.

Шпанците беа елиминирани од Мароко што дефинитивно е неуспех, па популарниот Лучо беше сменет со тоа што неговата замена експресно беше идентификувана, па на клупата ќе седне Луис Де Ла Фуенте.

Енрике достоинствено ја прифати одлуката и воедно ги искористи социјалнните мрежи када испрати емотивна порака, но и притоа побара максимална поддршка за неговиот наследник.

-Во мое име и во име на луѓето од мојот персонал: се започна пред четири години и колку брзо тече времето. Можам само да им бидам благодарен на оние кои двапати ме направија селектор (претседателот Рубиалес и спортскиот директор Молина). Им благодарам на сите вработени во федерацијата со кои многу доживеавме.

-Секако и до фудбалерите кои дадоа пример со своето однесување и однос кон идеите кои се обидував да ги наметнам. Жал ми е што не можев повеќе да помогнам. Исто така и на помошниците, кои неуморно работат за да им помогнат на играчите и на персоналот во се што ни треба. Беше многу посебно да се биде дел од ова. На крајот, но не и најмалку важно, би сакал да им се заблагодарам на навивачите кои постојано не поддржуваа, особено во најтешките моменти. Време е да се каже „збогум“ и исто така сакам да истакнам дека на репрезентацијата и е потребна ПОДДРШКА во каква било форма за Луис де ла Фуенте да постигне се што сака. Напред ШПАНИЈА, -порача Енрике.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни