Поврзете се со нас

Лига Европа

Емери: Арсенал е фаворит, Обамејанг е „убиец“

Објавено

на

Вилјареал со предност од 2-1 ќе го започне вечерашниот реванш против Арсенал во полуфиналето на Лигата на Европа, но без разлика на овој резултат тренерот Унаи Емери смета дека премиерлигашот понатаму е фаворит за пласман во финалето на ова натпреварувања.

-Резултатот од првиот меч не менува ништо во мојот став. Арсенал влезе во дуелот со повеќе шанси и мислам дека се уште се поблиску до пласман во финалето. Тие имаат поголема историја, поголем буџет, подобри играчи. Ние сме аутсајдери, но покажавме дека можеме да се справиме и со најдобрите, -вели Емери кој говореше за Пјер-Емерик Обајеманг кој се враќа на терените откако ја доби битката со маларијата.

-Обамејанг е убиец. Тој беше, се уште е и ќе биде. Имаше проблем поради болеста, но секогаш е опасен. Кога е на врвно ниво, Арсенал е поопасен. Го очекувам најдобриот Обамејанг. Тој е прекрасна личност и врвен фудбалер, -рече Шпаенцот кој вечера ќе влезе со амбиција да го нокаутира поранешниот клуб.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни