Поврзете се со нас

НБА

Елеганција во движење: Јокиќ му одржа лекција на синот на Пипен (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/nuggets

Никола Јокиќ одигра три четвртини против Мемфис и тоа беше доволно за да биде убедливо најдобар кошаркар во сите три најважни категории, учинот кој го натера тренерот Мајк Мелоун да го одмори Србинот.

Јокиќ не играше во последниот период и остана на дофат на нов трипл-дабл, но тој не беше премногу загрижен за тоа и како по обичај мирно и тивко го прослави триумфот.

За 30 минути на паркетот, Јокиќ запиша 29 поени, 11 скокови и 8 асистенции, но понуди и дел од својот најдобар кошаркарски репертоар исполнет со асистенции, скокови и необични потези.

Србинот запиша и едно забивање на натпреварот против Мемфис кој Денвер го доби со 128:103, меѓутоа во фокусот се најде поради маалскиот потег кој му го продаде на синот на Скоти Пипен.

Скоти Јуниор тргна да игра одбрана на Јокиќ, но овој го измами со лажно додавање и ја продолжи контрата на Денвер како најдобар плејмејкер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни