Поврзете се со нас

Англија

Екс играч на Њукасл ја спласна атмосферата: Врвните играчи не сакаат да играат во Њукасл

Објавено

на

Некогашниот фудаблер на Њукасл, Џонатан Вудгејт е еден од ретките кои проговори во негативен контекст за новото сопствеништво на клубот од „Сент Џејмс Парк“.

Славниот англиски тим неодамна беше откупен од богат саудиски конзорциум, па се очекува во иднина да вложи многу пари во тимот.

Вудгејт сепак смета дека врвните фудбалери ќе го одбиваат Њукасл затоа што нивна желба и амбиција е да играат за тимови како Реал Мадрид, Барселона, Манчестер Јунајтед…

– Врвните играчи одат во Реал Мадрид, Барселона, Манчестер Јунајтед… Со сета должна почит, тие нема да одат во Њукасл.

– Сите врвни фудбалери имаат пари, тие сакаат да освојуваат трофеи, да играат финалиња, а не да играат во Њукасл. Ова не е непочитување, така стојат работите.

– Алан Ширер беше врвен играч и дојде в Њукасл, но само затоа што беше во Њукасл сакаше да го исполни својот сон. Не можете да го купите успехот, тоа не функционира така, -изјави Вудгејт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни