Поврзете се со нас

Италија

Ејбрахам за начинот на кој бил убеден да ја засили Рома: Мурињо е одличен „продавач“

Објавено

на

Тами Ејбрахам очигледно направи вистински избор со пристигнувањето во Рома и прифаќањето на понудата на Жозе Мурињо, а потврда за одличните настапи е и повикот во националниот тим.

Напаѓачот зборувал пред англиските медиуми за искуството со Мурињо, но и за фактот што не погрешил кога и дал предност на Рома во однос на Арсенал.

– Го прифатив повикот на Мурињо и прво што ми рече беше: Сакаш ли да уживаш во малку сонце или да останеш на дождот?, – открива Ејбрахам.

– Многу се смеев, првично не размислував за ваков потег, сакам да останам во Лондон, но Жозе е одличен „продавач“, кога зборува ти останува само да го слушаш, а засега можам да кажам дека ми е одлично во Рим.

– За толку кратко време научив тактички работи колку што знаев во целата досегашна кариера, се надевам дека ќе успеам да се вбројам меѓу најдобрите напаѓачи, – изјавил Ејбрахам.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни