Поврзете се со нас

Репрезентација

Една година од најголемата победа на македонската репрезентација: Како Пандев, Елмас и компанија ја срушија Германија (ВИДЕО)

Објавено

на

Пред точно една година македонската репрезентација ја оствари најголемата победа во својата историја и тоа против Германија на нејзин терен во Дуизбург во квалификациите за Светското првенство во Катар.

Ова беше вистинска сензација, резултат кој никој не го очекуваше, но избраниците на тогашниот селектор Игор Ангеловски покажаа како се брани националниот дрес, како се носи со еден гигант, европски, светски првак и со една допадлива игра дојдоа до победа од 2-1.

Горан Пандев погоди за „црвено-жолтите“ за водство, Иклај Гундоган го израмни резултатот во вториот дел од пенал за да во 85 по комбинацијата на Адеми и Елмас го матираме Тер Штеген за огромни три бода.

Еве како изгледаше чудото во Дуизбург.

Дека оваа генерација поседува голем квалитет и потенцијал, покажавме и со победата над Италија во Палермо пред неколку дена, но не фалеше уште нешто за да ги решиме Португалците и заминеме на СП во Катар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни