Поврзете се со нас

АТП

Едберг го посочи тенисерот кој е најголема опасност за Ѓоковиќ во Њујорк

Објавено

на

Последниот календарски грен слем за оваа година Ју-Ес Опен е во полн тек и се поблиску сме до најзначајните битки во Њујорк, битки кои дефинитивно се најинтересни.

Новак Ѓоковиќ како светски рекет број еден и понатаму е фаворит број еден за пехарот, но според легендариот Стефан Едберг српскиот ас ќе мора да внимава и жестоко да се бори ако сака да дојде до рекорд (21 грен слем) и календарски грен слен.

Едберг кој своевремено беше најдобар на планетава смета дека Александер Зверев е играчот кој е најголема опасност за Ѓоковиќ за пехарот на отвореното првенство на САД.

-Ѓоковиќ докажа дека е еден од најголемите во историјата на тенисот, дека е уникате во својата генерација, заедно со Надал и Федерер. Србинот има голема шанса да замине во историјата како играч со најмногу освеони слемови имајќи ги предвид физичките проблеми на Рожер и Рафа. Тој сигурно е фаворит за освојување на Ју-Ес Опен и календарскиот гренд Слем, но ќе мора да се справи со млади играчи, големи таленти. Мислам пред се на Александер Зверев кој има шанса, неодамна го победи во Токио. Нема да му биде лесно на Ноле, иако тој се уште е фаворит број еден, -рече Швеѓанецот кој говореше за Федерер и Надал.

-Тие двајца заедно со Ноле доминираат долго време. Се разбира Федерер и Рафа сега имаат проблеми од физичка природа. Генерацијата полека се менува. Надал нема да игра до крајот на сезоната, сите ги знаеме проблемите на Федерер кој има 40 години. Се надеваме дека ќе имаме можност повторно да ги видиме на теренот и дека ќе го играат најдобриот тенис. Би било навистина убаво за сите љубители на тенисот, -додава двократниот шампион на Вимблдон и Мелбурн.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни