Свет
Ѕвезда на Реал открива: Анчелоти веќе почна да прави шеги за водење на бразилската репрезентација!

Карло Анчелоти ќе игра за својата судбина во Реал Мадрид на почетокот на месец април и ќе има три „финалиња“ против Барселона и две против Челси, натпревари кои ќе одредат каква завршница ќе има „кралскиот клуб“.
Иднината на Италијанецот во Реал е навистина неизвесна без разлика на тоа каков исход ќе оствари неговиот тим на споменатите три средби, особено поради тоа што се погласни се шпекулациите дека Анчелоти ќе си оди од Мадрид и ќе прифати да биде селектор на бразилската фудбалска репрезентација.
Голманот Едерсон веќе отворено говореше за позитивните реакции кои ги остварил Дон Карло, а сега проговори и бразилската ѕвезда од редовите на Реал, Родриго.
– Анчелоти се што прави, го прави на смирен начин и не измислува многу работи на теренот. Би било чест за мене да го имам како селекто во Бразил и веќе се шегуваме за тоа.
– Ние Бразилците му велиме дека веќе го чекаме со отворени раце. Тој се шегува со нас и ни вели дека ќе го одредува тимот заедно со нас. Зборуваме повеќе на шега, но во секоја шега, има и половина вистина. Ситуацијата не е лесна за него, мора да го остави Реал Мадрид за да дојде во бразил. Не знам што ќе се случи и како ќе се развива ситуацијата, но за мене би било чест да биде тука со нас во Бразил, – открива Родриго.
-
Англијапред 20 часа
Ливерпул го обезбедил и второто засилување во новиот преоден рок
-
АТПпред 17 часа
Надал го најави полуфиналето на Ролан Гарос: Алкарас е во подобра форма, но Ѓоковиќ…
-
Шпанијапред 22 часа
Анчелоти избрал замена за Бензема, Флорентино не дава зелено светло за трансферот
-
АТПпред 10 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
Светпред 21 час
Суарез го коментирал можното реактивирање на тандемот со Меси во Интер Мајами
-
Германијапред 19 часа
Баерн Минхен го промовираше првото летно засилување
-
Францијапред 21 час
ПСЖ има нова стратегија, ќе ангажира дури седум фудбалери под исти услови
-
АТПпред 12 часа
Алкарас го имаше поенот на годината, Ѓоковиќ не можеше да поверува (ВИДЕО)