Поврзете се со нас

Франција

Ѕвезда на ПСЖ го тролаше Дембеле со вулгарна забелешка за Барселона како клуб (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

Усман Дембеле ја заврши својата авантура во Барселона и се пресели во редовите на ПСЖ, транфер со кој си ја оствари својата желба за враќање во родната земја.

Францускиот репрезентативец е една од големите ѕвезди кои ова лето потпишаа со ПСЖ, но бидејќи има голем број пријатели од репрезентацијата во првиот тим, веќе на првите тренинзи бил мета на потсмевања.

Еден разговор меѓу Килијан Мбапе и Лукас Ернандес стана вирален хит на социјалните мрежи, а од истиот може да се заклучи дека доскорашниот дефанзивец на Баерн Минхен воопшто не ја сака Барселона.

Конверзацијата на двајцата фудбалери е во присуство на Дембеле, но Французинот не одговора на зајадливиот коментар од страна човекот кој оствари неколку победи над Барса изминативе сезони.

Мбапе: Усман, доаѓаш од Барселона, зошто не ни пееш?

Ернандес? Како е можно срање клуб како Барселона да те научи да пееш?, – гласи конверзацијата која стана предмет на многу коментари и негативни реакции од страна на фановите на каталонскиот гигант.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни