Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ѕола испофали еден фудбалер на Јувентус и посочи дека очекувал повеќе од Челси

Објавено

на

Некогашниот напаѓач на Челси, Џанфранко Ѕола даде искрен коемнтар по вчерашниот натпревар во кој англискиот клуб загуби од Јувентус со 1:0.

„Старата дама“ како никогаш досега беше аутсајдер против англискиот тим, но Алегри успеа да извади изненадувачки тим кој на крајот успеа да стигне до трите бода против фаворизираниот Челси.

Ѕола по оваа средба упати само пофални зборови за Федерико Киеза кој беше стрелец на единствениот погодок на овој тим, притоа посочувајќи дека очекувал повеќе од тимот на Челси на средбата.

– Киеза беше многу добар, секогаш беше на вистинското место, ниту еднаш не направи некоја неизнудена грешка.

– Она што не ми се допадна на овој натпревар беше пристапот на Челси, очекував повеќе од нив. Но тоа се должеше и на играта на Јувентус чии фудбалери одиграа одличен натпревар, -изјави Ѕола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни