Поврзете се со нас

Свет

Џуд не е само добар фудбалер: Белингам со еден потег им ги стопли срцата на фудбалските фанови (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/England

Џуд Белингам ја спасуваше Англија од пораз на натпреварот против Белгија на „Вембли“, но покрај тоа што предизвика ерупција со својот погодок, ѕвездата на Реал воодушеви и во увертирата за европското дерби.

За разлика од другите играчи, Белингам на теренот изелзе со дете кое има инвалидитет, а лошото време во Лондон го натера да направи гест кој им ги стопли срцата на фановите .

Џуд забележа дека на малото дете му е доста ладно и го запраша дали сака да му ја даде тренерката, па откако доби позитивен одговор, без размислување го направи тоа.

Белингам направи нешто слично и на натпревар на Реал во Шпанија, а со тоа покажува дека покрај тоа што е фантастичен фудбалер, истовремено е и одлично воспитано момче.

Англичанецот има само 20 години и веќе прерасна во голема ѕвезда на Реал Мадрид, но истовремено е и лидер на англискиот тим кој го води Герет Саутгејт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни