Поврзете се со нас

Боречки спортови

Џошуа со брутален нокаут го „заспа“ Нгану во втората рунда, Камерунецот се освестуваше со кислородна маска (Видео)

Објавено

на

Френсис Нгану ја изненади целокупната спортска јавност со храброто и извонредно издание кое го имаше против Тајсон Фјури, а ако тогаш решаваа нијанси и контроверзно загуби на бодови, рано утрово немаше никаква шанса против Антони Џошуа.

Британскиот „тешкаш“ ја одбрани гордоста на боксерите и му одржа лекција на поранешниот УФЦ шампион, кој овојпат во Ријад беше само мета на страшни удари од неколкукратниот светски првак.

Нгану тргна агресивно на спектаклот во Саудиска Арабија и имаше за цел да понуди израмнета борба која требаше да трае десет рунди, но неговиот план брзо пропадна во вода, пред се благодарение на неверојатно интелигентните потези на Џошуа.

Антони не ја повтори грешката на Фјури и воопшто не го потцени ривалот, па откако го нокдаунираше уште во првата рунда, продолжи уште побрутално во втората.

Џошуа со маестрално десно кроше по вторпат го урна Нгану на подот, па иако Камерунецот и по вторпат доби зелено светло од судијата да ја продолжи борбата, следниот удар кој го доби беше конечен.

Британецот не попушти и му зададе тежок нокаут на противникот, па Нгану неколку минути беше освестуван на подот, па дури заврши и со кислородна маска за да дојде при себе.

На овој начин, најавениот бокс спектакл траеше навистина кратко, па иако Антони победи навистина брзо и едноставно, му порача на Нгану да не се откажува и во иднина да остане дел од боксот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни