Поврзете се со нас

Македонија

Џиролами остана без победа во финишот, но обезбеди нов подиум за ПСС Рејсинг

Објавено

на

Франко Џиролами беше во водство речиси цела трка од ТЦР Европа првенството, но не издржа под притисокот над Микел Аскона и го освои второто место на патеката Нирнбургринг.

Возачот на македонскиот тим ПСС Рејсинг стартуваше од второто место, брзо го презема водството и жестоко се бореше со Аскона за да ја задржи таа прва позиција.

Тоа му успеваше до последниот круг, кога Аскона успеа да го престигне Џиролами во еден свијок, а веќе и немаше време за Аргентинецот да се обиде да го возврати ударот.

Виктор Давидовски ја започна трката од деветтата позиција, но уште на првиот свијок доби непосакуван контакт од еден од ривалите кој беше зад него, со што остана на дното на поредокот, па на крајот го освои 18. место.

Џиролами со денешниот пласман останува на второто место и во генералниот пласман, а на утрешната ТЦР Европа трка не очекуваат нови интересни дуели и старт на Давидовски од втората позиција.

Трката ќе се вози од 12:50 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни