Македонија
Џиролами му донесе второ место на ПСС Рејсинг во Ле Кастеле
Аргентинскиот возач Нестор Џиролами се најде веднаш зад победникот Мајк Халдер во втората трка од ТЦР Европа возена денеска на патеката Пол Рикар во Ле Кастеле крај Марсеј.
Двајцата возачи со идентични автомобили и донесоа 1-2 победа на Хонда, при што бодовите на Џиролами одат на контото на македонскиот тим ПСС Рејсинг, откако на неколку дена пред трката беше објавено дека француските власти нема да издадат потребни документи за учество на македонскиот возач Виктор Давидовски, па Џиролами во последен момент влезе како негова замена во оваа трка.
На вчерашната прва трка со која беше отворена сезоната од ТЦР Европа, Џиролами беше на петтото место, но се пожали на одредени проблеми со возилото кои беа надминати за денешниот настап.
Со ова Џиролами се најде на самиот врв, зад вчерашните победници Даниел Лојд со Хонда и Мехди Бенани со Ауди. Првиот има 69 бода, вториот 68, а Џиролами е трет со 66 поени, по што следуваат Кларе со 62, Филипи со 58, Халдер со 52 и Бекман со 48 бода.
Следните две трки се закажани на 12 и 13 септември на патеката Золдер во Белгија.
-
Репрезентација13 часа
Лазаров: Ова не личеше на меч од СП, не сакам да се правдам, но кога…
-
Светски првенства12 часа
Рекс: Ова никогаш не сум го доживеал, македонските фанови…
-
Светски првенства13 часа
Кварацхелија позираше со дресот на ПСЖ: Сон е да се биде овде…(ФОТО)
-
Репрезентација16 часа
Ристовски и Ангеловски ја бодрат македонската репрезентација во Вараждин
-
Светски првенства15 часа
Митревски: Скандинавците се лесни на свирче, тежок судиски критериум за нас
-
Евролига24 часа
Хезоња ги шокираше фановите со изјавата на полувремето на дуелот Реал-Олимпијакос (Видео)
-
Свет23 часа
Нејмар откри детали од периодот во ПСЖ: Мбапе се промени по доаѓањето на Меси
-
Репрезентација14 часа
Лазаревски: Најлесно е да се впери прст, прво треба да гледаме во својот двор