Поврзете се со нас

НБА

Џини Бас: Бруклин? Тоа нè мотивира, само нека дојдат

Објавено

на

Бруклин Нетс создаде страшен тим и според многумина е прв фаворит за титулата во НБА лигата.

Нетс на тројката Кевин Дурент, Џејмс Харден и Кајри Ирвинг ги додадоа Блејк Грифин и ЛаМаркус Олдриџ кои се уште двајца Ол-стар играчи, па сосема очекувано е да се стават во прв ред за пехарот.

Сепак пред избраниците на Неш се многу предизвици, прво треба да бидат најдобри на Истокот, а потоа да го добијат Западот, односно составот кој ќе биде број еден.

Секако меѓу оние можни противници на Бруклин е актуелниот шампион ЛА Лејкерс кој во моментов има проблеми со повредените ѕвезди Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, ама ако тие се вратат според планот и бидат подготвени тоа ќе биде сосема поинаква приказна.

Ова го знае претседателот на Лејкерс и воедно извршен директор, Џини Бас која ги искоментира потезите на Бруклин.

-Таквите работи го вадат најдоброто од нас. Кога ривалите ќе не препознаат како тим што треба да биде симнат од тронот и кога ќе се засилат за да можат да се носат со нас, тоа нè тера да работиме понапорно. Само нека дојдат, -истакна Џини која сака што поскоро да се вратат Џејмс и Дејвис.

-Најважно е тие да се вратат здрави и подготвени, да бидат такви за плејофот, заврши Бас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни