Поврзете се со нас

Италија

Џиџи бара нов предизвик: Буфон ја завршува приказната со Парма и бега во странство

Објавено

на

Џанлуџи Буфон за неколку дена ќе го прослави 44. роденден, но без разлика на годините кај него постои голема желба за надигрување и нема намера да замине во фудбалска пензија.

Во оваа сезона тој го чува голот на Парма, клубот во кој израсна и се промовираше на големата сцена, клуб во кој се врати по пауза од две децении. Меѓутоа како што стојат работите Џиџи нема да остане на „Енио Тардини“ и неговата желба е одново да игра надвор од Италија како последно искуство во ова долго фудбалско патување.

Парма е далеку од враќање во Серија А, па овие е и една од причините за ваквиот потег на Буфон за кого се очекува потврда во наредниот период. Останува да се види што ќе се случи на оваа тема и каде славниот голман ќе заигра по Италија и Франција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни