Поврзете се со нас

Италија

Џенова на добар пат кон опстанок: Пандев асистира, Санабрија погодува (Видео)

Објавено

на

Џенова е на добар пат да обезбеди опстанок во последното коло во италијанската Серија А, откако по 45 минути игра на клучниот меч против Верона има водство од 3:0.

На Џенова и оди во прилог и тоа што Лече не води против Парма, но тоа е помалку важно за домаќините кои решија самостојно да ги решат работите и да не зависат од никого.

По 45 минути игра, мора да се напомене дека им оди многу добро, а засега играч на мечот е Тони Санабрија кој беше стрелец на два погодоци.

Најпрво погоди по центаршутот на Лерагер, а во 25-та минута на сцена стапи и нашиот Горан Пандев кој секогаш е на висина на задачата кога е најпотребно.

Пандев во вистиснки момент ја додаде топката и повторената снимка покажа дека милиметри го делеа Санабрија од офсајд, но тоа беше најмалку важно, бидејќи ВАР го потврди голот.

Пред крајот на полувремето, Ромеро беше највисок и зголеми на 3:0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни