Поврзете се со нас

Лига Европа

Џеко бесен по фудбалската лекција од Севилја, го впери прстот и кон тренерот Фонсека!

Објавено

на

Севилја и одржа фудбалска лекција на Рома на денешниот меч кој се одигра во Дуизбург, па може слободно да се каже дека конечниот резултат 2:0 беше најблага казна за „волчицата“ со оглед на тоа како стоеја работите на теренот.

Шпанците ја надиграа Рома во секој поглед и доминираа во сите статистички елементи, а тоа по крајот на мечот го призна и најдобриот играч во нападот на Италијанците, Един Џеко.

Искусниот голгетер беше навистина фрустриран по поразот од 2:0, па покрај тоа што призна дека Севилја буквално ги „изела“ во секој поглед, немаше позитивни коментари и за тактиката на тренерот Фонсека кој сакал да се надигрува со пас игра.

– Разочаран сум од се, буквално од се. Во ниту еден момент не бевме во мечот. Од првата до последната минута бевме надиграни. Не изедоа во секој поглед, на секој дел од теренот. Беа подобро подготвени, играа подобро, изгледаа во подобра форма, – изјави лутиот Џеко откако Рома не испрати ниту еден директен удар кон голот на Севилја, по што се осврна и на тактиката.

– Тие не притискаа високо уште со напаѓачите, а ние сакавме да играме со топката од голманот што не беше возможно. Не сфативме на време дека не можеме да играме така, требаше да бидам користен како пикер во нападот со долги топки. Наместо тоа, ние игравме сите 90 минути едно исто. Имаме долг нас пред нас, сега е очигледно. Мора да си поставиме сериозни прашања, навистина сум разочаран бидејќи не игравме фудбал, се изневеривме самите себе, – порача напаѓачот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни