Поврзете се со нас

Балкан

Душко Вујошевиќ доби ангажман во клуб кој ќе му биде ривал на МЗТ во АБА лигата

Објавено

на

Еден од најценетите кошаркарски стратези на овие простори, Душко Вујошевиќ договори нов ангажман и тоа во клуб кој престојнава сезона ќе му биде ривал на МЗТ Скопје во АБА лигата.

Легендарниот Вујошевиќ ќе работи во Студентски центар и тоа како стручен консултат. Ова за него ќе биде враќање во родниот град, поточно трофејниот стратег ќе биде главен координатор на сите тренери и младински категории и очекувањата се дека со неговиот победнички дух и неверојатно искуство ќе го искачи тимот на следното скалило.

Вујошевиќ најголемите успеси како тренер ги имаше водејќи го Партизан, а во кариерата има работено во Шпанија, Италија, Русија, Франција, Романија, плус ја има водено селекцијата на Босна и Херцеговина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни