Поврзете се со нас

НБА

Дурент и Феникс го пронајдоа рецептот за победа над НБА шампионот (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Suns

Денер ја пронајде најдобрата форма во завршниот дел од регуларната сезона и се искачи на првото место на Западот, но тоа сега и не е така сигурно после утринскиот пораз.

Феникс Санс се покажува како тим кој навистина може да му направи проблеми на НБА шампионот, бидејќи дружината на Кевин Дурент одново пронајде рецепт за Денвер и оствари победа благодарение на својот лидер.

Дурантула блескаше како во своите најдобри денови и го водеше својот тим на гостувањето до победа од 97:104, а на крајот го заврши мечот со 30 поени, 13 скокови и 3 асистенции.

Добра помош имаше од Букер и Ален кои комбинираа 30 поени, додека на спротивната страна одново блескаше Никола Јокиќ и беше на чекор од трипл-дабл.

Српскиот кошаркар запиша 22 поени, 9 скокови и 10 асистенции, но тоа не се покажа како доволно за избегнување пораз, втор во низа од „сонцата“.

Останати НБА резултати:

Шарлот – Кливленд 118:111
Орландо – Голден стејт 93:101
Вашингтон – Бруклин 119:122
Атланта – Портланд 120:106
Филаделфија – ЛА Клиперс 107:108
Торонто – Њујорк 101:145
Чикаго – Индијана 125:99
Мемфис – ЛА Лејкерс 124:136
Минесота – Деторит 106:91
Оклахома – Хјустон 126:132
Јута – Сан Антонио 111:118

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни