Поврзете се со нас

Германија

Другото лице на напаѓачот: Халанд на дрзок начин му го фрли дресот на противникот по крајот на мечот (Видео)

Објавено

на

Ерлинг Халанд постигна два гола на денешното гостување кај Келн, но тоа не се покажа како доволно за триумф на Борусија Дортмунд, тим кој полека влегува во сериозни проблеми кога е во прашање потерата по топ 4 во Бундеслигата.

Со најновиот кикс и нерешените 2:2 на гостувањето кај тимот кој се бори за опстанок, Борусија сега заостанува четири бода од четвртото место кое е во сопственост на Ајнтрахт Франкфурт, па и покрај тоа што Халанд беше одличен на теренот, оваа вечер го покажа и своето непријатно лице.

По ремито од 2:2 и двата постигнати гола, Халанд на крајно дрзок начин го фрли својот дрес и му го подари на противничкиот играч, кој најверојатно уште претходно го имаше договорено Норвежанецот за вакво нешто.

Бесниот напаѓач нервозно го напушти теренот и само му го фрли дресот, а стоперот Хорхе Мере не ни доби шанса да му го подари својот за возврат.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни